Ѓоргиева раскажува нова приказна, создава под нова импресија

Со секоја нова колекција Олгица Ѓоргиева раскажува нова приказна, создава под нова импресија, се инспирира од различни светови, а притоа останува верна на својот дизајнерски дизраз.

Со новите креации нѐ прошета до Љубљана и тоа до  Словенечката  опера и Балет каде ја дизајнираше Костимографијата за балетска претстава наречена “Виенска вечер”.

После нејзините два проекти во Грција и Австрија, и костимографиите за Балетските претстави, Електра и Амадеус, добива понуда за оваа балетска  претстава.

„Тимот со кој работев претходно беше презадоволен од нашата  соработка и ме повикаа да работам на оваа балетска претстава повторно  како костимограф. Целиот процес на работа течеше со една преубава
енергија. Навистина станува збор за преубава балетска претстава за која  што сега веќе можам слободно да кажам дека беше вистински и голем успех.  Показател за тоа беше долгото останување на сцена со громогласни овации и довикувања. Директорот на Словенечката Опера и балет после завршувањето  на премиерата беше видно возбуден, ни честиташе на сите и не извести  дека ова беше навистина успешна претстава, една од поуспешните што се  прикажувале во нивната куќа.Благодарна сум што токму тој проект ќе стои  во моето ЦВ. Јас ги сакам предизвиците, тоа ми е концепт во животот. Се  натпреварувам сама со себе и тоа ми е начинот како растам како човек генерално. Се што не знам учам, се што знам применувам, но најбитно од се е не се плашам. Ако предизикот се појавил во мојот живот, мој си е и  гледам што можам да научам и имплементирам кај себе како искуство или  можеби нова карактеристика во мојата личност“истакнува Олгица.

Оваа година инспирира нејзината колекција на ташни кои пленат со својот колорит.  А инспирацијата има интересна приказна.

„Ташните се нешто што од секогаш сакав да го направам, но некако не  успевав да ја затворам целата приказна. Откако си ги најдов идеалните  луѓе за тоа, успеав и да го реализирам. Многу им се радувам, направени  се со љубов. Идејата е од една моја Јапонска марама која ја имам добиено  на подарок и е стара 50 години. Толку многу ја сакав што некако сакав да
и го продолжам векот. Во еден многу обичен момент ми дојде идејата да испринтам материјал од самата марама и да изработам ташни. И мислам дека  не згрешив. Станува збор за парче кое е  уникатно, елегантно, модерно,  романтично, но во исто време шик. Лесно прилагодливо, но и воедно дава  уникатен изглед на самиот стајлинг. Со сигурност ќе ја продолжам и ќе ја
проширам таа приказна“ вели Ѓоргиева.

Креациите на Олгица се продаваат низ целиот свет. Нејзиниот  концепт за продавање на нејзините производи  е малку поинаков. Има нарачки и од други држави но на тој концепт ќе
треба допрва да се работи.

А за тоа што подготвува следно ни истакна

„Моментално спремам мини колекција за оваа сезона која ќе излезе многу наскоро. Воедно ќе излезат уште неколку продукти под слоганот
GОrgeous. Ќе биде интересна приказна која комплетно се вклопува во  времето и сезоната што ги живееме“

 

 

 

 

 

Сподели