По денешната пресконференција на советникот од СДСМ Борче Корчевски кој побара информации од јавен карактер, односно Извод од сметката на Општина Битола за ден 5 јуни 2023 година, со одговор се јави советникот од ВМРО ДПМНЕ Ѓорѓи Ѓорѓиевски. Тој на социјалните мрежи напиша:
„За да го скратам времето на чекање на колегата Корлевски од СДСМ, во духот на транспарентноста, јавно ги објавувам документите што беа набавени со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, за тоа каква е финансиската состојба на Општина Битола.
Општина Битола е во одлична финансиска кондиција.
На ЛАГИТЕ, кратки им се ноѕете“, се вели во објавата на советникот Ѓорѓиевски.














