Советникот од ВМРО ДПМНЕ Ѓорги Ѓорѓиевски преку својот Фејзбук профил обвини дека заради остуство на советници, се кочи легализацијата на објекти во Битола.
„Советниците на СДСМ и Левица не присуствуваат на седницата на Комисијата за Урбанизам при Советот на Општина Битола и со тоа директно (поради немање кворум за работа) ја кочат легализацијата на објекти и директно прават штета на стотици граѓани на Битола кои не можат да си го остварат правото по Закон.
4 години СДСМ ја кочеше легализацијата сега потпомогнати од Левица продолжуваат да го прават истото.
ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Битола ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и без разлика на опструкциите ќе најде начин легализациите да течат непречено.
До сега имаат поминато над 150 легализации каде што некои предмети имаа бројчиња од 2011 година“ пишува советникот Ѓорѓиевски.













