ТЕРА

REKLAMA???

ЃОРЃИЕВСКИ: ТРИ СЕДНИЦИ ПО РЕД НЕ СЕ ВОДАТ ПО ЗАКОН, ДЕЛОВНИК И НАДЛЕЖНОСТ

Трета седница на Совет по ред се работи неделовнички, незаконски и се ставаат точки на дневен ред за кои Советот нема законска надлежност да ги разгледува, вели советникиот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Ѓорѓиевски.

Тој рече дека побарал мониторинг над работата на Советот од повисоки истанци и да се стави крај на ова неделовничко и незаконско работење, одговорност мора да има, додава советникот Ѓорѓиевски.

„Ова е уште една седница од низата од три седници, после неделовничкото постапување на 26 седница, прекинот на на 27 седница надвор од закон и надвор од деловник, СДСМ и некое ново гласачко мнозинство тука во Советот, исто така надвор од процедури, без надлежност на Советот постави точки на дневен ред за разрешување на Управните одбори на Јавните претпријатија, и сега еве на оваа 28 седница продолжува фарсата во режија на советничката група на СДСМ подржана од останатите советнички групи, на прекршување на Законите.

„Иницијатива до Градоначалникот на Општина Битола за разрешување на директорот на Јавното претпријатие Паркинзи“. Значи ова не само што не е во надлежност на Советот, туку е и веќе прашање до каде одат овие советници што ја ставаат оваа точка на дневен ред, како го чувствуваат Советот?

Нивната функција како советници избрани – дали имаат обзир кон заклетвата што ја дале овде како советници на првата конститутивна седница, каде што секој од нас кажа дека ќе работи во согласност со Законите во Република Македонија. Сметам дека овде сите имаме одговорност пред граѓаните и вакви точки еве и како претходната и оваа сега, да заврши тука.

Член 36 од Законот за Локална Самоуправа, надлежности на Советот. – Советот го донесува Статутот на Општината и други прописи. – Донесува буџет на Општината и годишната сметка. – Утврдува висината на сопствените извори и приходи за финансирање на Општината. – Основа јавни служби во рамките на надлежностата на Општината и врши надзор на нивната работа. – Именува членови на Управните Одбори на јавните служби. – Усвојува програми за работа. – Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка. Итн… Меѓутоа ваков законски основ за разрешување на директор, Советот нема. Или се повикале на точка број 15- Врши други работи утврдени со Закон.

Иницијативата поднесена од СДСМ, поддржана од останатите 5 советници во ниту еден дел не укажува врз основа на кој член од кој Закон се повикуваат за оваа точка да биде ставена на дневен ред. Иако, можеби прејудицирам на некоја наредна седница би можеле овде сите да се доведиме во ситуација некој од советничката група на СДСМ, незадоволен ете од работата на некој вработен во Општина Битола, раководител на одделение, раководител на сектор, незадоволен од работата може да рече поднесувам иницијатива за отказ на вработениот раководител на сектор тој и тој, поради невршење на работните обврски, иницијатива до Градоначалникот.

Значи до тоа ниво го сведивте Советот, надлежностите на Советот не ни дозволуваат да имаме ние ваква иницијатива, исто како и претходната, меѓутоа не би навлегувал натаму, кажав на комисија. Од сега натаму сметам дека сите ќе се издигнеме на повисоко ниво и доколку ни треба помош од било која институција ја замолувам и Претседателката на Советот, да се обратиме има инспекторат за Локална самоуправа, има Државен завод за ревизија, има повисоки институции во државата, па ако не овде сите да си се согласиме дека ни треба еден мониторинг за работата на Советот и повеќе вакви иницијативи, точки, одлуки што се небулозни, што не се согласно Законите, да не се доведуваме да дојдат на дневен ред, а уште помалку да влезиме во дискусија да ги коментираме.

Значи за овие иницијативи, точки си има јавност, си има медиуми, си има како се бара оставка на политички начин, значи работата на Советот не смее деволвира од ниту еден од нас. Од ниту еден. Има закони, да тераме по законите, ако НЕ да побараме помош“ рече Ѓорѓиевски.