Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори

0
152

Мило Ѓукановиќ, кандидатот на Демократската социјалистичка партија, прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора.

Од 100 проценти обработените податоци, Ѓукановиќ освоил 53,8 проценти од гласовите, а неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти.

Ѓукановиќ, кој важеше за фаворит на овие избори, изјави дека изборниот резултат е потврда за решителноста на Црна Гора да продолжи по патот на европски квалитет на живот и членство во Европската Унија.