Ѓуриќ: Ме водеа како куче, ме влечеа по земја

0
363

„Ме водеа како куче, ме влеча за вратоврската по земја“- рече во своето прво директно обраќање до српската јавност, Марко Ѓуриќ, директор на канцеларијата за Косово, по вчерашното брутално приведување во Северна Митровица.

Претставниците на српска листа кои партиципираат во косовската влада најавија дека ја напуштаат и нема да бидат веќе дел од косовските институции.

Косовските специјалци си поигруваат со апсењето на шефот на српската канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, во Митровица.

Тие си правеле селфиња за време на хаосот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска изрази надеж дека партијата Српска листа ќе ја преразгледа одлуката за напуштање на неговата Влада.

– Едностраните мерки и прекинот на соработката не се добра работа, изјави Харадинај по вонредната седница на косовскиот Совет за национална безбедност.

Седницата на Советот беше одржана по вчерашниот инцидент во Косовска Миторовици и денешната одлука на Српска листа за напуштање на Владата и за самостојно формирање на Заедницата на српски општини.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини денеска попладне ќе го посети Белград каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Претседателот на Србија за време на обраќањето до медиумите по апсењето на шефот на српската канцеларија за КиМ Марко Џуриќ во Косовска Митровица кажа дека Србија ги „почитувала сите меѓународни акти“ и дека на време ја информирала Приштина за намерата на српските државни функционери да одат на Косово.

„Значи, да биде јасно, Марко Џуриќ во согласност со договорите со приштина, три пати пред време информираше за своето пристигнување на Косово и Метохија. На тоа немаше реакција. Ден потоа беше испратена друга најава на која беше само додадено името на Никола Селаковиќ. Одговорот стигна на 25 март во 23:02, велат дека барањето не е на време поднесено. Како прво, не е барање туку информирање. Второ, лажат. На тоа следуваше одговор дека ќе постапиме и ќе го посетиме Косово во согласност со меѓународното право и ги молиме да не се обидуваат да предизвикаат чекори за ескалација на тензиите“, кажа Вучиќ.