Ѓуро Илиќ стана првиот македонски џудо мајстор – шести дан

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија го доби својот прв џудо мајстор – шести дан. Имено, вчера во Белград на официјалното полагање за мајсторски појаси во џуд данови, првиот човек на македонското џудо Ѓуро Илиќ од ЏК Пелистер од Битола беше промовиран во Мајстор шести дан, највисоко мајсторско звање во нашата држава.

„Оваа промоција требаше да се случи порано, но беше одложено, а сега веќе ја имам титулата Мајстор – шести дан. Ова е големо признание за мене и мојата долгогодишна кариера како џудист, џудо-тренер и основач на нјаголем број на клубови во државата“, рече Илиќ.

Илиќ е единствен Македонец во „Европската куќа на славни за боречки вештини“. Во наредниот период, Илиќ ќе има голем број на предавања и семинари во државата и надвор од неа.

Share.