Ѕанакопулос: Не постојат притисоци врз Грција за прашањето за името

0
265

Не постои никаков притисок врз грчката страна за прашањето за името, вели портпаролот на владата на Грција Димитрос Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописникот на МИА од Атина.

„Она што треба да разбереме е дека во конкретното прашање постои можност, во овој момент, Грција и соседната земја да најдат заедничко компромисно заемно прифатливо решение кое ќе направи добро и за двете земји, но и за Балканот во целост, бидејќи ќе ја промовира, ќе ја зацврсти стабилноста во поширокиот регион“, вели Димитрос Ѕанакопулос.