Ѕвездата на „Sea Dance“ фестивалот фасцинирана од НиколаТесла!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Веќе од денеска, десетици илјади страствени музички фанови ќе поминат низ капиите на петтиот, јубилеен Sea Dance фестивал кој ќе се одржува од 30-ти август до 1-ви септември и кој ќе ги собере некои од најголемите имиња на светската музичка сцена.

Меѓу нив е и белгиската суперѕвезда Lost Frequencies, младиот диџеј кој веќе со години доминира на светските топ листи и чии хитови ќе се слушаат на плажата Буљарица во Будва. Милиони луѓе се добро запознаени со нумерите кои се негов потпис, меѓу кои се и „Are You With Me“, „Reality“, „Crazy“ и „Beautiful Life“, но малку луѓе знаат за фасцинацијата која оваа ѕвезда ја негува кон Никола Тесла и манга стриповите, како и другите интересни детали од неговиот живот.

  1. Како што ќе каже тато – љубовта кон музиката пред факултетот

Felix De Laet, како што гласи вистинското име на Lost Frequencies, всушност е несуден економист! Имено, токму додека студирал економија во Брисел, неговата кариера тргнала во нагорна линија, благодарение на Саундклауд сервисот каде што тој ги пласираше своите први дела. Набргу следел повикот од гигантот меѓу музичките настани, славниот Tomorrowland фестивал, да настапи во рамки на програмата. Како што и самиот подоцна признава, не бил многу „загреан“ за својот факултетски повик, но сепак се двоумел дали да настапи на фестивалот бидејќи се поклопувал со испитниот рок. Поддршката стигнала од неочекувана страна – неговиот татко го советувал да не ја пропушта оваа единствена прилика. И му благодариме на таткото.

  1. Никола Тесла како инспирација

Снимајќи го спотот „Here With You“, Lost Frequences добил идеја да ја илустрира атмосферата на песната преку славната приказна за Никола Тесла и неговиот афинитет кон гулабите. Имено, веќе е општо познат фактот од популарната култура дека Тесла со години ги хранел гулабите и попрво го поминувал времето со нив, отколку со луѓето. Меѓу нив била и една посебна гулабица, целосно бела, која научникот најмногу ја сакал. Токму белата гулабица и Тесла се протагонисти на овој маестрално анимиран видео спот.

Lost Frequencies & Netsky – Here With You (Official Video) [Ultra Music]: https://youtu.be/BgCmotgySdU

  1. Храбар исчекор

 Кон крајот на минатата година, Lost Frequences ја оформи и сопствената издавачка куќа. Иако таквиот потег не зачудува, со обзир на неговиот планетарен успех, треба да се има предвид дека во тоа време тој имаше само 24 години! Нарекувајќи го својот лејбл „Found Frequencies“, тој изјави:

– Многу сум среќен за покренувањето на своја издавачка куќа,  Found Frequencies, која ќе служи како куќа за мојата, сопствена, музика и се надевам дека ќе прерасне во избор за идните млади таленти.

  1. Љубител на јапонската култура

Како голем број негови врсници, Феликс е голем поклоник на култниот жанр на стрипови – јапонските манга. Имено, и самиот признава дека е опседнат со јапонската култутра и просто е неверојатно дека дури оваа година тој настапи во Земјата на изгрејсонцето. Се надеваме дека во таа прилика успеал да го посети и Манга музејот во Кјото, како што изјави дека посакува. Кога е во прашање неговата омилена манга, тој посебно ги издвојува „Blue Exorcist“ и „One Piece“.

Lost Frequencies – LostVlog 008 // Lost in Tokyo: https://youtu.be/Q_j04X56Aq0

  1. КралнаTomorrowlandфестивалот!

Веќе споменатиот Tomorrowland му пружи голема чест на Lost Frequencies во 2016-та година. Тогаш го повикаа, покрај настапот, да биде и домаќин на цела една бина која го носеше неговото име! Феликс внимателно ја организираше програмата на тој стејџ на кој, секако, тој беше хедлајнер, додека меѓу изведувачите беа и хитмејкерот Robin Schulz и популарната австралиска глумица и диџејка Ruby Rose!

Tomorrowland official FB page: https://www.facebook.com/tomorrowland/photos/a.10153945755674177/10153667130949177/?type=1&theater

 

Своите настапи на петтото јубилејно издание на Sea Dance фестивал кој ќе се одржува од четврток, 30-ти август до сабота, 1-ви септември во Буљарица, Будва ги потврдија Nile Rodgers &Chic, Dimitri Vegas & Like Mike, Paul Kalkbrenner, Nina Kraviz, Alice Merton, Dax J, Lost Frequencies, Burak Yeter, Antigone, Francois X, Shlømo, Eagles & Butterflies, Filatov & Karas, Sofia Rodina, Marko Nastić, PTU Live, Bajaga i Instruktori, Hladno pivo, Van Gogh, Rambo Amadeus, Marko Louis, Sajsi MC , Krešo Bengalka, Vojko V, Who See, Bassivity Showcase, Lag, Vakat AKA Aleksandar Grum, Forest People, Gillerz & Be Good, Ilija Đoković, Sugar Lobby, Monosaccharide, Bodzie, Popi Divine, Mr. Lekka, Branko Vuković, Buba, Vegim & Flekitza, Ana RS, TZ Project, ČX, Sabinaa, Jan De R, Danny Cruz, Rosske, Oysha, Mirko i Meex, Lucky Dee, Cavin Viviano, Mark funk, Vll & Vash, Drop Department, Divolly & Markward и многу други.

Share.