Ѕвездите на Барса одбија намалување на платите заради пандемијата ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фудбалерите на Барселона го одбија предлогот на клубот додека трае кризата платите да им бидат намалени за 50%. Капитените Меси, Пике, Тер Штеген и Бускетс го изложиле овој предлог пред соиграчите и добиле негативен одговор.

Времето ќе покаже дали фудбалерите направиле грешка кога го одбиле предлогот и дали тоа може да ги продлабочи проблемите на „Ноу Камп“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека според законите на државата во случај на кризни ситуации, меѓу кои спаѓа и кризата со коронавирусот клубовите можеле да им ги намалат платите за 70 отсто.

Се шпекулира дека претседателот на Барселона Џозеп Марија Бартомеу ќе се повика на овој закон и дека ќе им ги скрати платите за 70 отсто.

Медиумите шпекулираат дека играчите биле подготвени на штрајк во случај да биде реализирано ова сценарио.

Share.