ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Општина Битола во партнерство со програмата за развој на Обединетите нации објави јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.

Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество за негово активно учество во процесот на денесување одлуки.

Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.

Општина Битола и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесуват предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Битола и со кои се опфатени следните приоритетни области:

1. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

2. КУЛТУРА И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

3. СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА

4. МЛАДИ

Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.

На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024).

Општина Битола и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6-12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од март 2023 до крајот на февруари 2024.

Јавниот повик ќе трае од 17.11.2022 (од 7:30 часот) до 15.12.2022 (до 15:30 часот).