Прва консултативна средна за измените и дополнуавњата на Законот за локална самоуправа . Настанот го отвори министерот за локална самоуправа Златко Перински, а меѓу учесниците беа и дел од членовите на експертскиот тим кој е вклучев во процесот – проф.д-р Александар Спасеновски, проф.д-р Мемет Мемети и проф. д-р Гордан Георгиев и градоначалниците на Југозападниот и Полошкиот регион.

Процесот на сеопфатна и инклузивна консултација – јавна дебата за измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа започна денеска од Битола. Освен реалната потреба за контрола на моќта којашто им се доверува на градоначалниците избрани по пат на граѓанско гласање, измените значат и усогласување со европските стандарди. Помената на досегашното законско решение е согласно Европската повелба за локална самоуправа којашто овозможува правна и демократска легитимност за да нема конфликт меѓу правната и политичката структра. Широката инклузивна дебата за ова е најважна за министерот за локална самоуправа Златко Перински.

„Oвој процес е исклучително важен за нас како ресор, безрезерво не поддржан од УНДП и секако од швајцарската влада преку швајцарската амбасада“. – рече на стартот министерот Перински.
Министерството за локална самоуправа во озвие изсмени и дополнувања се фокусира на два од сегментите на работењето на локалната самоуправа во децентрализиран распоред на власта во државава: – отповикување на градоначлник и воведување комунални редари, популарно комунална полиција. Полска , САД, земјите на латинска америка имаат јасни процедури што експертите ги гледаат при изготвувањето на нашето решение.

„Венецијанската комисија како експертско тело меѓу другото и за локална самоуправа при Советот на Европа долго време се занимава со прашањето на отповикот на градоначалниците. Република Македонија има такво искуство со претходниот закон за локална самоуправа. Значи, врз основа на највисоките стандарди на Советот на Европа преку Венецијанската комисија и врз основа на искуството што го имаме претходно применувајќи го овој начин на отповик на градоначалниците, ќе се обидеме врз основа на овој широк консултативен процес да изнајдеме оптимизирано законско решение, оптимизиран начин да се рефлектира довербата односно недовербата на градоначалниците којшто ќе гарантира дека во иднина тоа нема да биде предмет на некакви злоупотреби.“ – изјави проф. д-т Стефан Андоновски, експерт по Уставно право и политички систем, еден од ангажираните за подготовка на предлог измените.

Комуналите редари – Комунални полицајци треба да добијат ингеренции кои досегашните комунални инспектори регулирани со Законот за комунална инспекција ги немаа. Иако се вградени како служба во Законот за комунална работа, ги нема во Законот за локална. Па примената е аљкава. Но сега, тоа нема да биде возможно. Актуелните градоначалници на Могила, Новаци, Битола го кои денеска присуствуваа на дебата го одобруваат донесувањето на вакви измени затоа што го почувствувале како реална потреба во досегашните свои мандати.
„Една од најважните работи кои треба да ги отворат овие промени на Законот за локална самоуправа е прашањето за локална инспекција или како ќе ја наречеме. Навистина се соочуваме со огромни проблеми. Ние со самото доаѓање пред три години се обидовме да ангажираме луѓе и од постоечкиот капацитет на локалната самоуправа и но и надоврешни, кои , добро означени и брендирани ќе се обидат да направат ред , околу пазарите, продавањето на улица на земјоделски производи, депонирањето отпад итн. но, тие немаат ингеренции и знаејќи од граѓаните дека тие не можат да постапат ефикасно, фактички цела таа акција доживеа неуспех. Инаку се трудиме со нашиот инспекторат, меѓутоа се соочуваме со проблеми кога луѓето знаат дека нема да бидат казнети или тешко оди тоа процесуирање низ самиот систем. “ – рече денеска градоначалникот Тони Коњановски.

„Инаку треба да се превенираат дејствија на мала група на граѓани коишто секојдневно пред се несоодветно го депонираат и одлагаат отпадот, потоа несоодветно постапуваат со урбаната опрема за којашти локалните единици издвојуваат средства од своите буџети. Значи, сакаме да го корегираме тоа однесување и пред се да го превенираме за да имаме пофункционални средини и да имаме на крај на денот поубаво место за живеење.“ – објасна министерот за локална самоуправа на Македонија Златко Перински.
Законот за локална самоуправа е системски закон што треба да се донесе со 2/3 мнозинство во Собранието и квалификувано бандентерово мнозинство. Сега, рекоа и заклучија панелистите, условите за мнозинството се обезбедени, постои политичка волља , а и меѓународната заедница ја дава поддршката за овие измени.












