Јавна расправа за измените на Законот за заштита од пушење

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Собраниската Комисија за здравство денеска организира „Предлог-закон за изменување на Законот за заштита од пушењето“.

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика.

Комисијата за надворешна политика треба да расправа за Предлог – законот за рестриктивни мерки, во второ читање.

На дневен ред се и предлог законите за ратификации на Договорот за основање на транспортната заедница, на Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 година меѓу Македонската Влада и Владата на Сојузна Република Германија за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот.

Потоа Дополнителен билатерален договор кон Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривичните предмети од 20.04.1959 година, со цел олеснување на нејзината примена, на Дополнителен билатерален договор меѓу Република Македонија и Република Италија кон Европската конвенција за екстрадиција од 13 декември 1957 година за олеснување на нејзината примена и на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство.

Share.