Јавна трибина за борбата против дезинформациите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дезинформации во медиумите, говорот на омраза и нивното влијание врз луѓето. На оваа тема денеска се одржа јавна трибина насловена „Борба против дезинформациите“ во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола.

Додека од една страна рапидниот раст на интернетот и на дигиталните медиуми го зголемија количеството на расположливи и достапни информации, а со тоа и можностите за информираност и знаење на граѓаните, од друга страна, „морето“ информации во дигиталното опкружување, донесе други предизвици и несакани феномени, како на пример, можности за креирање лажни и манипулативни вести, пропаганда, спинување на информации и слично.

Секојдневното “бомбардирање” со сите видови и нивоа на дезинформации води до ситуација повеќе да не се верува ни во точните информации, а од старт присутна е не само резерва, туку и потполно неверување.


Борбата за точни информации, а против сите облици на дезинформации претставува воедно и борба за клучните демократски достигнувања, а разоткривањето на дезинформациите е од витално значење за опстанокот на секој систем, па и нашата земја.

Share.