Јавните претпријатија ги чистеа депониите низ Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На првиот ден на пролетта,  битолските јавни претпријатија чистеа депонии во градот.

Кревети, фотељи, телевизори, теписи, ќебиња  и во централното градско подрачје, но и во пооддалечените места.

ЈКП „Водовод“ со своја механизација на терен ја чистеше депонијата во месноста Овчи Баир, во близина на резервоарот на ова јавно претпријатие.

Таму најприсутен беше градежниот шут, но и остатоци од мебел и секаков вид отпадоци.

Екипите на ЈП „Комуналец“ работеа во централното градско подрачје, кај АТ Пазар.

Веднаш до автобуската станица, едно од најфреквентните места во овој дел од градот, се наоѓа мини депонија, која денеска се чистеше.

Исто така се чистеше и зад зградата позната како „кифлата“.

 

КЈП „Нискоградба“ чистеше кај  месноста „Тепсија“. Секаков вид на отпадоци, ѓубре и несовесно фрлање на непотребните предмети на граѓаните во ридот.

ЈП „Комуналец“ беше координатор на акцијата за чистење, а местата каде што се работеше ги посети градоначалничката Наташа Петровска.

Заедно со директорите на јавните претпријатија Горан Козаров, Панде Богоевски и Методи Сиљановски, разговараа за натамошните чекори за справување со овој горлив проблем, со кој се соочува градот. Воедно, испратија апел до граѓаните за зголемување на свеста да не се загадува непосредната околина, во која сите ние жиевееме, вклучително и нашите деца. Јавните претпријатија и градоначалничката Петровска уште еднаш напоменаа дека доколку жителите имаат габаритен отпад, може да се јават во КЈП „Нискоградба“ или во ЈП „Комуналец“ , со што истиот ќе биде собран од нивните екипи, наместо да биде расфрлен низ различни локации во градот.

Share.