Јавното претпријатие Стрежево подготвено ја дочекува сезоната за наводнување

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со акумулирани 105.000.000 м3 вода јавното претпријатие ,,Стрежево,, подготвено ја дочекува сезоната за надводнување, која започнува на 1 јуни. Директорот Менде Граматковски соопшти дека по главниот канал ќе се испорачуваат максимални количини на вода до сите водокорисници во индивидуалниот сектор, до ЗК Пелагонија, индустријата, РЕК Битола и Водовод, со оглед на тоа што е санирано свлечиштето над селото Драгарино,а новиот зафат на вода е поврзан со главниот канал.

,,Хидроцентралите работат со полн капацитет. Планираното производство на електрична енергија е 7.000.000 до 8.000.000 Kwh.,,-вели директорот Граматковски.

Тој посочи дека во изминатиот период е ставен акцент на рацинално и наменско трошење на средствата во претпријатието со што се остварени и заштеди.

,,Домаќинското работење на раководниот тим и рационалното и наменско трошење на финансиските средства во претпријатието доведе до намалување на непродуктивните трошоци за околу 8.000.000 денари во споредба со истиот период пред една година. Главниот акцент во работата на претпријатието е ставен на основната стопанска дејност односно санирање на свлечиштето настанато во 2015 година, поправка на цевководите од деталната цевководна мрежа, наплата на побарувањата од комитенти, објавена и реализирана продажба на произведената електрична енергија од 5-те хидроцентрали,при што е постигната и поголема цена од Kwh од претходната година за 38%, а со тоа е зголемен и приходот од оваа дејност.,,-вели Граматковски.

Граматковски посочи дека цената на испорачаната вода од акумулацијата за сите водокорисници оваа година нема да биде зголемена.

Oд претпријатието апелираат на рационално користење на водата.

Share.