Јагниња и телиња има, но пари нема

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дождливото време не ги спречи денес сточарите од Пелагонсиско да ја извадат стоката од своите фарми и да ја однесат на Сточниот пазар во Битола со надеж дека ќе ја продадат. Како што можевме да забележиме, продавачи и купувачи имаше повеќе од стока.На влезот се продаваше ситен добиток, како јагниња,кози, овци, и прасиња, а внатре крупен, како крави, јунци и телиња. Сточари иако ги имаше од цела југозападна Македонија, повеќето од нив не задоволни од цената на чинење на добитокот  за продажба. На само две недели пред Велигден кога нивните очекувања се дека ќе има голема побарувачка за јаниња , тие велат дека ги продавале испод цена. Чинеа од 120 до 140 денари за килограм жива мера.Се пожалија и на ниската откупна цена.

Сретнавме и сточар кој продаше кози со јариња.Се продаваше 3000 денари.

Сочарите со крупен добиток се пожалија на слабата побарувачка, ниската цена по која ја продаваат стоката, и  ниската откупна цена на млекото .Велат дека работат од ноќ до ноќ а заработувачка нема. Ако ја пресметале цената и на храната за добитокот тогаш велат дека работеле со загуба . Ако во минатото кравите ги продавале по 1000 евра, сега велат и да бараме толку никој нема да ги купи. Телињата ги продаваа по 100 до 200 евра во зависност од големината.

Правилата велат дека без жолти жигови на ушите на добитокот и без сертификат од веетеринар сточарите несмеат да ја внесат стоката за продавање во Сточниот пазар. За влез сточарите на крупен добиток треба да платат 180 денари, а за ситен добиток 60 денари.

Share.