Јанева: Бомбите се само индиција, имаме материјални докази и сведоци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Специјалната обвинителка Катица Јанева која пред дваесетина минути го почна своето реферирање за шестмесечното работење на СЈО пред пратениците во Комисијата за политички систем истакна дека прислушуваните разговори кои се предмет на истрага на СЈО се само индиција врз основа на која е отворена преистражна постапка, а дека СЈО за сите отворени предмети има и материјални докази и сведоци.

Јанева ја пофали, како што рече, плодната соработка со Основното јавно обвинителството и со обвинителството за организиран криминал како и со многу други институции од земјава, но и меѓународни инситуиции со кои СЈО имале, како што рече Катица Јанева, проширено предметно постапување.

Таа изрази уверување дека ќе се преземат мерки за да се дефинира правната положба на СЈО, за да може до крај да ја исполни мисијата која му е доверена.

plusinfo.mk

Share.