Јане во Обединетите нации го запозна Дејвид Бекам

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Малиот македонски херој, Јане Велковски вечерва ќе се обрати на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк и ќе побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата, во рамки на овогодишниот „Светски ден на детето“.

Денешниот ден малиот Jане вечно ќе го памети, откако се запозна со големата фудбласка ѕвезда Дејвид Бекам. Двајцата поразговараа, а Јане доби и автограм од англиската легенда.

Јане го прашал Бекам да го издвои омилениот гол во кариерата, а тој го одбрал голот од половина игралиште во дресот на Манчестер Јунајтед против Вимблдон.

Непокорниот Јане Велковски, кој страда од спинална мускулна атрофија и се движи со инвалидска количка, отворено зборува за незгасливата љубов кон фудбалот.

„Кога играм фудбал, јас заборавам на сè… Јас во мојата електромоторна количка можам да го водам тимот, можам да бидам капитен. Цела фамилија моја го сака фудбалот. Нешто јас што не можам да правам, или брат ми или татко ми или мајка ми ми помага. Тие ми даваат поддршка да го добијам лекот и да бидам фудбалер како Роналдо“, раскажуваше Јане.

Пред средбата со Бекам, Јане светот го запозна по фотографијата со Роналдо, а подоцна беше и на „Олд Трафорд“ на покана на големиот ас Пол Погба.

Пред денешниот свој говор, младото  момче рече:

„Многу сум возбуден, затоа што ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот“.

Јане ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја.

World Children’s Day

Join us LIVE for the celebration of the 30th anniversary of the adoption of the Convention on the Rights of the Child!In the 30 years since its adoption, the lives of millions of children have been improved through the progressive realization of rights and fulfillment of obligations enshrined within the Convention and its Optional Protocols. The commemoration of CRC at 30 is a moment for bold action to ensure we leave no child behind.Children across the world have been recognized as individual rights-holders of those rights inherent to the human dignity of all people. Children have equally been recognized as having the right to special protections and safeguards from those that constitute the duty-bearers in their lives and communities. As we prepare to enter into the Decade of implementation of the SDG’s, this is also an opportune moment to review progress made in supporting the rights of children.

Posted by UN Web TV on Wednesday, 20 November 2019

Share.