Јанушев: На пратеници им се нудат милиони евра за да гласаат за уставните измени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Собранието на Република Македонија се претвори во пазар и арена на притисоци, закани и уцени, вака вечерва на прес конференција рече генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев.

„Денес добива совршена смисла се она што се случуваше во изминатата година ипол. Во Македонија се апсат луѓе заради политички прогон, а денес се пробува да се тргува со нивната слобода. За возврат се бара поддршка на уставните измени произлезени од договорот со Грција.

Се ветуваат парични награди за послушните, а доколку не се прифати, се местат сведоци, се креираат случаи. Се врши влијание врз блиски роднини на пратениците, се врши заплашување. Политичкото обвинителство да обвинува, политизираното судство да суди, а Заев да договара, товари или ослободува луѓе.

Ќе споменам неколку примери, на еден пратеник му се понудени 1 милион евра за да гласа за договорот, истите се одбиени, на друг пратеник му се понудени 2 милиони евра, на трет 250 илјади евра. Сето ова е одбиено бидејќи достоинството нема цена, се работи за нашата татковина.

Дополнително се активираат полициски структури, структури на безбедносните служби, а околината на самото Собрание е под опсада на ликови со бричени глави кои се познати на подземјето“ рече на прес конфереција Јанушев.

Share.