ТЕРА

REKLAMA???

ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА РЕК БИТОЛА

Амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада заедно со сопругата и советникот за економски развој денес беше во посета на РЕК Битола, информираат од ЕСМ.

На средбата со раководниот тим на подружницата и директорот Пеце Матевски, се разговараше за тековните активности во најголемиот производствен капацитет во рамките на АД ЕСМ, како и за предизвиците што претстојат.

Јапонскиот амбасадор особено се интересираше за плановите на РЕК Битола за транзиција на производството од јаглен кон обновливи извори на енергија, за што јапонската компанија Мицубиши веќе пројави интерес.

Во рамките на посетата, амбасадорот Савада ја посети и Термоелектраната.