Учениците по македонски јазик во средното училиште Таканава во Токио, снимија видео во кое зборуваат македонски. Тие го изучуваат македонскиот јазик изминативе две години, ја презентираат македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали. Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професор г. Томоки Аојама.
Оваа година се одбележува 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија и во тие рамки се организираат многу културни настани. Во Битола беше одржан и Фестивалот на јапонски филм , на кој беше присутен и јапонскиот амбасадор Оцука Казуја. Јапонската култура иако географски делува многу далечна, духовно е толку блиска. Културата е медиум за успешно градење на мостови, во кои ќе се доближуваат и вкрстат две различни култури.












