Јас и Иванов треба да им помагаме, а не да им одмагаме на граѓаните

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува во денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас да бидат заокружени сите апекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името.

„Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да и соопштиме на јавноста. Реков дека сум оптимист и оти е возможно да се постигне договор, но денеска имаме уште еден суштествен разговор, за мене многу важен. Се надевам дека ќе ги заокружиме сите аспекти за да го исполниме очекувањето на двете страни“, рече Заев.

Премиерот го коментираше и соопштението од кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, во кое се вели дека „изјавата на Заев дека отфрлањето на договорот со Грција ќе биде пречка за влез во НАТО и ЕУ е манипулација и дека суштествени прашања како името не се решаваат по телефон туку за нив е потребен широк консензус“.

„Граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум, а секако јас како премиер и господинот Ѓорге Иванов како претседател треба да им помогнеме на граѓаните, а не да им одмогнеме“, рече Заев, на новинарско прашање по отворањето на Бизнис форумот-инвестициски проекти и можности во секторите транспорт, енергетика и животна средина во Република Македонија.

Share.