Ја платил порно актерката да молчи за нивната средба

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Американскиот претседател Доналд Трамп призна по првпат дека платил повеќе од 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, за да ја замолчи порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната врска.

Трамп и негови соработници претходно негираа дека на Даниелс и биле дадени 130 илади долари преку адвокатот Коен, пред претседателските избори во 2016 година, за да не зборува за интимната средба со Трамп во 2006 година, објавуваат американски медиуми.

Документот со признание што го потпиша Трамп, а го објави американската Канцеларија за владина етика, предизвика и коментари меѓу демократите и невладините организации за можно кршење на законот за финансирање предизборни кампањи, а кој бара јавно објавување трошоци за вршење влијание врз избори.

Share.