Ја уби капитализмот – 23 годишна текстилна работничка и самохрана мајка од Италија загина на работно место

Луана Дорацио, 23-годишна самохрана мајка од Италија, на почетокот на мај загина на работното место.

Таа работела за текстилната компанија „Ордитура Луана“ во Прато, недалеку од Фиренца.

Таа била смачкана од голема машина и починала на самото место.

Истрагата покажа дека се отстранети осигурувачите на контролната табла, што би спречило ваков развој на настаните.

Прочитајте и: Регионот на чекор да прогласи победа над коронавирусот – дали ситуацијата ќе остане стабилна

Луана не била обучена за работа со машината, а биле објасните само основните функции. Не минала обука, а не положила ни испит за безбедност на работното место. Во моментот на смртта немала ни заштитен комбинезон за работа, кој е стандарден.

Истражителите наведуваат дека била приправничка и дека некој морал да ја надгледува за време на работата. Исто така, во нејзиниот договор е наведено дека може да работи само под надзор.

Според обвинителството во Прат, под водство на Џузепе Николоси, Луана Доразио не би умрела ако фирмата ги применувала законските мерки за заштита. Ликот на Луана е овековечен на мурал во римската градска населба Пињето.



„Луана, текстилна работничка, 22 години, ја уби капитализмот. Жртва е на изопачената индустриска логика заснована на профит. Нема да ја заборавиме“, напишаа активистите на тамошниот социјален центар на Фејсбук покрај сликата од нејзиниот мурал.

Сподели