Јеремиќ: Вучиќ води тајни преговори со Тачи и Харадинај, тајно отпатува во Њујорк

0
251

Претседателот на српската Народна партија Вук Јеремиќ изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ со тајни преговори со косовските лидери Хашим Тачи и Рамуш Харадинај „неумешно се обидува да ја прелаже меѓународната заедница“ и „да купи дополнително време за себе и за своите коалициски партнери“ во Приштина.

„Како рок за решавање на косовското прашање се спомнува почетокот на летото, и на Вучиќ сега му е потребно што било за да може да го искористи како „смоквин лист“. Вучиќ во вторникот беше во Париз на тајна вечера со Хашим Тачи, а во денес тајно отпатува во Њујорк, за што српската јавност не е информирана. Со Харадинај исто така преговара преку близок посредник од своето опкружување“, изјави Јеремиќ за српската телевизија Фејс.

Јеремиќ, кој е поранешен министер за надворешни работи на Србија, кажа дека Вучиќ му предложил на Западот „генијална идеја“ за размена на југот на Србија за северот на Косово, но бил одбиен, бидејќи одамна ветил потпишување сеопфатен договор меѓу Белград и Приштина кој на Косово би му овозможил прием во ОН.

mkd.mk