Јерчиќ во театарот, Андоновска-Илијевски во Центарот за култура

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Од Министерстовото за култура соопштија дека министерот Асаф Адеми, во месец јули, по спроведените конкурси именувал директори со полн мандат од четири години на 8 национални установи.

За директор на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е именувана Гордана Змејковска, во НУ Центар за култура во Битола за директор е именувана Маја Андоновска-Илијевски, во НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино е именувана Роска Илиева.

Директор на Народниот театар од Битола со полн мандат е Иван Јерчиќ. Благоја Атанасоски е именуван за директор во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Прилеп, во НУ Музеј-Гевгелија, за директор е назначен Бобан Хусениковски.

Васо Ристов е именуван за директор на Македонската опера и балет и за директор на НУ Турски театар е именуван Ердоан Максут.

Share.