Јована Павловска е новиот фудбалски бисер во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битола има нов фудбалски бисер, а таа се вика Јована Павловска која има само 13-години од тимот на ЖФК Атлетико. Таа веќе две години настапува за битолскиот прволигаш, а нејзин ментор и тренер е тренерот Никола Гелевски, кој макотрпно работи да пронајде и создаде нов супер талентатиран играч во женскиот фудбал, а секоја нова сезона тоа успешно го прави.

Павловска игра одлично последниве две сезони каде успева со своите голгетерски способности да се искаже низ терените ширум Македонија.

Талентираната фудбалерка се огледува на нејзниот идол и пандан во фудбалот французинот од ПСЖ, Килијан Мпбапе, а таа во 2018 година беше најдобар стрелец во кадетки со вкупно постигнати 15 гола, додека 2019 година ја заврши со 12 погодоци.

Јована Павловска е и стандардна македонска репрезентативка во слекцијата на У-15, а со својот тим ЖФК Атлетико стигна до есенски шампион во кадетска конкуренција, додека во сениорскиот тим веќе две години е стандарден првотимец.

Женскиот битолски фудбалски тим Атлетико постојано произведува квалитетни фудбалерки, својот тим го гради на домашни млади фудбалерки, каде ги предводи успешниот тренер Гелевски, а од неговиот тим во репрезентација на Македонија во У-15 има пет фудбалерки од Атлетико, во У-17 две и во У-19 една репрезентативка.

Share.