На музичката конференција Балкан:Мост, која оваа година се одржа во европската престолнина на културата Веспрем, настапи дуото од Нови Сад, Alice in WonderBand, кои воодушевија со нивните изведби комбинација на музика и физички театар.
„ Ние сме музичари кои се доста љубопитни. Тргнавме да ги истражуваме и останатите видови на уметност, па преку музиката се префрливме на театарот, преку физичкиот театар, циркузот, буто танцот, класичниот театар, за после тоа се она што го научивме да го споиме во еден израз кој ја донесе експресивноста, изведбата на телото. Тоа е всушност музички израз, а сето ова останато допринесува да тој музички израз биде интерпретиран и во останатите видови на уметност“, ни изјави Марко Дињашки.
Вокалистката Ана Врбашки, за изведната на „Јовано, Јованке“ и најновиот видео запис кој има голем број на прегледи секој ден, ни рече:
„ Песната е на театарски начин режирана. Имавме надворешен соработник, Вишња Обрадовиќ која е режисер и кореограф и актерка. Така што имаме одлични соработници и заради тоа она што го работиме навистина е сјајно. Тоа е една прекрасна љубовна приказна која нема крај и затоа е направена таква кореографија , аранжманот за извдбата, танцот, го направи мојот сопруг Марко. Всушност секоја добра песна е една приказна која може да се раскаже на различни начини, а овој вид на раскажување кој ние го одбравме допринесува кон тоа публиката да може да се поврзе, па сите држат ритам со раце, со нозе. Тогаш и тие на еден начин стануваат изведувачи на таа музика.Некако тоа ни помага во оваа отуѓеност на луѓето, посебно после ковид периодот“.
Ова дуо настапува на 14-ти октомври во Скопје.