ТЕРА

REKLAMA???

ЈОВАН МИТРЕСКИ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески за претседател на Собранието.

Митрески, кој беше досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ, ќе биде претседател на Собранието до изборот на нов состав на Парламентот по изборите на 8 мај и откако неговиот претходник Талат Џафери беше предложен за мандатар на техничката влада, која треба да биде избрана во недела на 28 јануари.

Претходно Собранието ги констатираше оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Пендаровски денес ќе му го врачи мандатот на Џафери кој ќе биде мандатар на техничката влада.