Јошката со нов стајлинг и со “Битола мој роден крај” направи нашите иселеници да заборават на пандемијата

Деновиве во Сиднеј Австралија ситуацијата е многу вжештена помеѓу полицијата и протестантите кои штрајкуваат против новите Ковид 19 рестриктивни мерки. Јошката знаеме дека веже неколку години живее таму и тоа во градот Перт но, за среќа тоа не е случај таму. Всушност тој деновиве имаше одличен настап кој се пренесуваше и во живо и преку кој се гледа јасно дека тој успеа да го разбие притисокот од пандемијата барем за момент. Олнајн стримот на фејсбук за сите кои ја сакаат неговата музика и глас беше следен од обожаватели од Македонија, екс ЈУ просторите, Австралија и пошироко. Концертот се одржа во македонската народна општина Вардар каде што Јошката настапува редовно веќе подолг период откако се пресели во Австралија. Македонско девојче е песна која буди емоции во секого и нам во Македонија, но и кај нашите иселеници во странство.

 

Пријатно изненадување за публиката беше неговиот нов стајлинг, имено јошката се појави со нова фризура во модерен афро стил кој го практикуваат големите хип хоп ѕвезди, а тој докажа дека и нему му стои одлично.

 

Моментот кога атмосферата ја достигна кулминацијата во салата беше тогаш кога Јошката емотивно ја запеа Битола мој роден крај. Начинот на кој што отпеа сам за себе зборуваше дека му недостига неговиот град, семејството, пријателите, а публиката му врати со исто толку љубов и емоции.

На крајот од вечерта Јошката се врати дома и објави слика со свпоите две кучиња и напиша “Ви благодарам на сите за оваа преубава вечер и овој спектакл.Секогаш кога ќе завршам со секоја забава сакам да си одам дома и си барам мир и на Бога му се заблагодарувам со ми даде сила да ве забавувам сите вас и да направиме заедничка веселба Фала ти Господе!”

А за сите оние кои не му мислат најдобро за крај додаде “Додека има некои кои лаат, има и такви кои бацуваат”.

Сподели