Јошко Петковиќ претставен како нов тренер на Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По низата шпекулации, ново име на тренерската клупа на трофејниот Пелистер ќе биде Јошко Петковиќ. Нишлијата своевремено седеше на клупата на битолскиот тим, а со успеси ги водеше и Кометал ЃП, со кој стигна до финалето на ЛШ, потоа Младост Богданци, Металург, Вардар и Борец.

Минатата сезона беше дел од Железничар Ниш со кој го освои Купот на Србија, но во последното коло ја загуби титулата во шампионатот.

„Тоа што се случувало со тренерите претходно кажува дека некои работи не биле во ред. Играчкиот кадар не го познавам. Да дојдев пред три месеци ќе беше поинаку. Нека мислат ракометарите дали се вредни да го носат дресот на Пелистер“, истакна Петковиќ на промоцијата.

 

Share.