Јубилејна 25. „Шопенова вечер“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

25. јубилејна Шопенова вечер во Битола во концертната сала на Завод и Музеј од Битола од учениците на Музичкото училиште од нашиот град беа изведени композициите на композиторот Шопен. Со овој концерт се заокружи и мастер класот кој во изминативе денови се одржуваше со професорот Јуриј Кот од Украина.

„Соработката со учениците од Државното музичко училиште беше на завидно ниво, изненаден сум од нивната желба за учење и нивното брзо совладување на материјалот“, посочи професорот Јуриј Кот од Украина.

 – „Јас сум задоволен, дури и воодушевен од нивото на овие деца со кои работев, нивната реакција и брзина на реагирање кон моите желби и наредби така да тие брзо го совладуваа она што им го задавав како задача“.

– Најпрво Шопен мора да кажеме дека е едниствениот кој напишал толку музика за Пијано, тој пишувал за нашиот инструмент ние сме горди на тоа, затоа што музиката во тој период на романтизмот е многу важна за нашиот рерпертоар и Шопен за сите пијанисти од светот е нешто свето и боженствено“, истакна професорот Јуриј Кот од Украина.

„25 годишната соработка помеѓу музичкото училиште и полската амбасада е одлична и ние на тој начин имаме можност да помагаме на учениците и професорите“ истакна Конзулот при полската амбасада во Македонија Катажина Пташинска.


Ученици кои пред 25 години свиреле на оваа Шопенова вечер се денес професори и нивни ученици сега настапуваат.

Вечерта настапија учениците Софија Михајловска, Андреа Николовска, Јована Арсовска, Емануел Петрески, Кристина Љушкоска, Исидора Ангелевска, Љубица Здравковска, Елеонора Џоџоска, Христина Трајаноска, Злата Даниловска, Бојан Димитровски и Александра Гическа. Тука беа и рецитаторките Вероника Спасевска и Јована Спасевска од рецитаторската секција при огранокот на Друштвото „Висла“ од Битола кое воедно беше и организатор на Шопеновата вечер во соработка со државното музичко училиште од Битола и Амбасадата на Република Полска.

 

Share.