Јулие Цезар на сцената на Битолскиот театар

0
398

Мотото „Ако ви е добро, тогаш ништо“ на познатиот српски медиум „Пешчаник“, годинава е мото и на Битолскиот народен театар од каде најавија нова сезона на претстави кои ќе се занимаваат со општественo ангажирани теми.

Првата претстава која ќе биде одиграна според новиот репертоар, а одобрена од Министерството за култура е „Јулие Цезар“ (Res publica или Cosa Nostra), од Вилијам Шекспир во режија и сценска адаптација на гостинот од Србија, Златко Паковиќ.
Низ Битолскиот театар со години наназад се претставувале врвни театарски имиња од Македонија, но и од регионот. Оттаму најавуваат дека публиката годинава може да очекуваат дела режирани од најзначајните режисери на денешницата од регионот и пошироко.

Шекспировиот Јулие Цезар е клучно театарско дело за суштината на републиканското уредување на државата и општеството.

-Ако целата власт му се даде или му припадне на еден човек, колку да е тој паметен, нужно ќе се претвори во самовластие. Ако таквата личност е уште и расипан човек, тогаш власта ќе се претвори во терор-пасивен или агресивен-вели режисерот Паковиќ.
Во улогата на Јулие Цезар е доајенот на Битолскиот театар Соња Михајлова.
Во останатите улоги се – Иван Јерчиќ, Петар Горко, Борче Ѓаковски,-Никола Пројчевски, Мартин Мирчевски, Александар Стефановски,
Елена Моше, Кристина Христова Николова, Маја Андоновска Илијевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Валентина Грамосли, Илина Чоревска, Сандра Грибовска.
Сценограф на претставата е Филип Јовановски, костимограф- Благој Мицевски, композитор – Оливер Јосифовски, драматург- Билјана Крајчевска, превод – Драги Михајловски.
Оваа претстава ги следи сите шекспирови крвави прашања кои извираат од едно-дали тиранијата да ја убиеш на време, уште кога е во лушпа или покасно таа да те убие тебе?

Премиерата е на 28-ти април, сабота, со почеток во 20 часот, претставата е за возраст +16.