Јункер во Македонија на средби со државниот врв

0
163

Турнејата на претседателот на Европската комисија Јункер низ шесте балкански земји што се надвор од Европската унија започнува денеска од Македонија. Тој ќе има средба со премиерот Заев, со претседателот Иванов, а потоа ќе се одржи и пленарна средба со делегацијата на ЕУ. Јункер и Заев ќе имаат и заедничка прес конференција.

,,Јас уште еднаш очекувам охрабрување преку стратегијата која што ја објави претседателот Јункер. За нас тоа е охрабрување, значи сериозна мотивација, да ги дозавршиме реформите согласно плановите 3-6-9, да ги продолжиме сите оние процеси на унапредување на севкупниот квалитет на животот на граѓаните, поради тоа што сме убедени дека Европа ќе ни даде датум за преговори само ако заслужуваме или ќе станеме членка на ЕУ само тогаш кога нашиот стандард на граѓаните ќе биде веќе приближно еднаков на стандардите на граѓаните на ЕУ. Очекувам  охрабрување дека во јуни е возможно да имаме датум за отпочнување на преговори, а со тоа и отварање на дополнителни европски фондови за Република Македонија, рече премиерот Заев во пресрет на посетата на Јункер.