Љубов и вино на Магнолија

0
1131

Ако во минатото земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ од Битола празникот Св.Трифун го одбележуваше во дворот на училиштето со зарежување на овошните насади, годинава празникот го одбележаа на плоштадот Магнолија заедно со битолчани. Во знакот на љубовта и виното, под мотото „Вино и љубов “ учениците и професорите заедно со минувачите наздравуваа со чаша црвено вино.

-Учениците, наставниците и родителите од земјоделското училиште секоја година секоја година по традиција подготвуваат и прават активности во врска со празникот св.Трифун и св. Валентин сето тоа го прават под мотото „Вино и Љубов“. Значи на нашите сограѓани учениците, наставниците и родителите им посакуваат се најубаво во текот на оваа година и му препорачуваат, секој ден по една чаша вино за здрав живот и по едно големо срце полно со љубов, изјави Лиле Мининг социолог во ДСЗУ Кузман Шапкарев

За секого имаше по нешто. Повозрасните граѓани добиваа чаша вино да се напијат, а балони во форма на срце добиваа паровите .

-Секоја година се трудиме различно да го претставиме нашето училиште. Оваа година  се одлучивме на плоштадот Магнолија да се дегустира вино за прославување на празникот св.Валентин и св.Трифун , изјави Цветан Велевски ученик во ДСЗУ Кузман Шапкарев.

Моментално во ДСЗУ „Кузман Шапкарев“ од Битола има 57 ученици од 1 до 4 година, поделени во четири смерови: ветеринарен техничар, техничар за хортикултура, техничар за фармерско производство, и техничар за агроменаџер.