Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп беше домаќин на одличен концерт кој го приреди “Љубојна”.
На малата сцена, публиката уживаше во уште еден извонреден настап на нашиот најпознат етно-музички состав, кој ги освои срцата на сите присутни.

Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе проекти, перформанси, прави музика за филмови и од 2002 година од кога е основана, групата настапува со различни мултимедијални претстави и концерти во светот.

Досега имаат објавено девет албуми, меѓу кои „Песна за мојата песна“, кој е направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски, албумот „Ljubojna in life“, албумот „Ljubojna Brass Fantasy“, снимен со голем лимен дувачки оркестар и претставува оживување на беломорската музика од егејскиот дел на Македонија.
„Љубојна“ има одржано бројни концерти низ Македонија и во странство, Торонто, Њујорк, Москва, Истанбул, Венеција, Рим, Париз, Марсеј, Солун, Кан, Германија, Словенија.












