Ќерката на Моника Белучи, заштитно лице за новиот парфем на D&G

Дева блеска во рекламната кампања за новиот парфем на Долче и Габана насловен како Долче Роуз.
Кампањата е снимана на преубава локација во Италија, во прекрасното Белаџио, на езерото Комо.

Дева Касел ќерката на Моника Белучи е родена на 12 Септември 2004 година, и таа е полу италијанка по мајка и полу французинка со корзиканско потекло од татко. Таа е ќерка од бракот со актерот Винсент Касел.
Дева има само 16 години но ова не и е прва соработка со Долче и Габана. Пред една година таа се појави во рекламната кампања за Долче Шајн  исто на Долче и Габана, снимена повотрно во Италија, во прекрасното Амалфи.

Мајка и Моника Белучи секако се радува на успесите кои ги постигнува нејзината ќерка како модел но, вели дека ова се само повремени излети во модниот свет, и дека сега нејзината ќерка тинејџерка, најмногу треба да се фокусира на училиштето. Како и да е сите се согласуваат дека Дева е на почеток на една прекрасна кариера.

Сподели