ТЕРА

REKLAMA???

„ЌЕФ“- НОВ АЛБУМ НА ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ БЕНД

Еден од највлијателните „jazz fusion“ состави на Балканот, „Васил Хаџиманов бенд“,пред македонската јавност, го претстави својот нов студиски албум насловен „Ќеф“ (Keyf), а промоцијата се случува пред концертот што ќе се одржи во Скопје, на 12 април. Оваа исклучителна група музичари веќе долги години ја воодушевува публиката ширум светот со својот единствен звук и со енергијата, а нејзиниот нов албум повторно ни носи интересни музички гости, иновативни аранжмани, автентична звучна естетика и, како и досега, креативни експерименти со различни музички стилови и ритми.

Албумот е осми студиски албум на бендот и е објавен во дигитален и цеде формат од хрватската издавачка куќа „Croatia Records“. Во однос на името на албумот, Васил Хаџиманов посочи дека, по сето она што се случи со пандемијата, некако било логично да направат албум како некој лек, мевлем.

„Затоа и композициите се лесни, непретенциозни и насловот на албумот има смисла. Ова е за твој ќеф, а така се вика и една од нумерите“, вели Васил Хаџиманов.

Меѓу композиторите што работеа на овој албум, покрај Васил Хаџиманов, се и Виктор Филиповски, Бранко Тријиќ, Мирослав Товирац, басист на бендот, а постои соработка и со бразилски композитор Фредерико Хелидоро. Музичарите што го снимаа албумот се Бојан Ивковиќ, Бранко Тријиќ, Виктор Филиповски и Мирослав Товирац, а како гости на албумот – Ратко Обрадовиќ на саксофон, Александар Петров на тапани, Газменд Бериша на виолина, Тони Китановски на електрична гитара и Марта Хаџиманов и Љубомир Милановиќ како вокали.

Инаку, албумот содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. Музичките нумери како насловната „Keyf“, но и „Gypsy“, „Afghan Samba“, „Helidoro’s Recipe“, „Mente Pura“, ќе ги потсетат сите љубители на добрата музика, но и на тоа зошто „Васил Хаџиманов бенд“ ја изведува својата музика на бините ширум светот и зошто токму неговата музика во Србија е прогласена за уметничко дело со национална вредност.

Снимањето и продукцијата на албумот се „Gdi For The Arts“ и „Croatia Records“.