Ќе ги наградат со оружје само за да ги натераат да се вакцинираат за заштита од Ковид-19

Во Западна Вирџинија вакцинацијата се охрабрува со бесплатна дистрибуција на оружје.


Со цел да ги охрабри своите сограѓани да се вакцинираат американската држава Западна Вирџинија се одлучила за најбизарниот вид лотарија и давање оружје на оние што ќе ја примат вакцината.

Државата Западна Вирџинија ќе донира пет ловни пушки и пет обични пушки на лотарија, која ќе трае до август, а ќе започне на 20 јуни, на Денот на таткото.

Прочитајте и: Од училиште во пламен спасил 120 деца, но никогаш не добил признание или благодарница


Еден од среќниците што ќе се вакцинира во овој период ќе добие милион долари, а наградниот фонд вклучува и стипендии, специјално изработени камиони и доживотни дозволи за лов и риболов.

Покрај лотаријата, Западна Вирџинија им дава и 100 американски долари во обврзници или картички за подароци на сите целосно вакцинирани лица на возраст од 16 до 35 години.

Властите се решија на овој чекор поради зголемените флуктуации кај населението и отпорот кон вакцинација. Анкетите покажуваат дека 28% од населението не сака да прима вакцина. Најмногу се двоумат републиканците.

Сподели