Ќе ги разгледаме сите опции ако Асад пак употреби хемиско оружје

0
175
Britain's Foreign Secretary Boris Johnson speaks at a joint press conference with the Polish Foreign Minister Jacek Czaputowicz during a visit to the Battle of Britain Bunker in Uxbridge on March 16, 2018. / AFP PHOTO / POOL / Tolga Akmen

Лондон заедно со сојузниците ќе ги разгледа сите опции ако сирискиот претседател Башар ал Асад повторно употреби хемиско оружје против своите граѓани во Сирија, изјави шефот на британската дипломатија Борис Џонсон и додаде дека за сега ништо не е планирано.

„Не постои ниту еден предлог на маса во овој момент за понатамошни напади, бидејќи до сега, фала на господ, режимот на Асад не е толку луд да преземе уште еден напад со хемиско оружје“, изјави Џонсон.

Според него, нападите на хемиските постројки во Сирија се исправен потег за да се спречи режимот на Асад повторно да употреби хемиско оружје.

slobodnaevropa.mk