Ќе донесела пресуда во ноември за Транспортер, ако го немала предметот за 27 април

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Судијата од Кривичниот суд во Скопје Добрила Кацарска во синоќешното интервју за телевизијата 1ТВ, прашана за предметот Транспортер, рече дека тој предмет го работела паралелно со предметите „Тенк“ и „Триста“.

„Во тој предмет стигнавме во фаза на изведување на материјалните докази и тоа на крај сме. Доколку не ми беше даден во работа предметот за 27 април, планирав во ноември месец минатата година и тој предмет да биде завршен и да има пресуда. Значи немаше никакво одолговлекување, но таму се работи за обемен предмет, со над 2700 докази мислам дека се во прашање и со 21 обвинет. Но и покрај тоа, пак ви велам, ако го немав предметот „27 април“ јас најкасно до месец ноември минатата година ќе имав пресуда и по тој предмет“ рече судијката Кацарска.

 

Share.