Ќе започне анкетирањето за изготвување на социјална карта на пензионерите

Се известуваат пензионерите – членови на Здружението на пензионери Битола дека почнувјаќи од 16.06.2021 година,  здружението ќе започне со анкетирање за изготвување на социјалнта карта на пензионерите.

Целта на анкетирањето е Здружението на пензионери- Битола да  добие податоци за социјално-здраствената состојба на секој пензионер, заради  давање на соодветна помош на најзагрозените пензионери, овозможувајќи притоа, преку волонтерите од Општината  Битола и Општинската организација на Црвениот крст да добијат  потребна лекарска помош, набавка на лекови и прехрамбени продукти, како и други неопходни потреби на пензионерите, кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

Од здружението посебно нагласуваат дека оваа анкета нема врска ниту со активностите за спроведување пописот на населението, ниту со престојните  локални избори или со било какви политички активности во време на спроведувањето на анкетата.

Податоците кои ќе се добијат од спроведената анкета ќе бидат од корист исклучиво за самите пензионери и затоа апелираат масовно прифакање на анкетарите од страна на пензионерите  и давање на податоците содржани во анкетниот лист, се вели во соопштението.

Сподели