Ќе има уште едно „Ало“ помеѓу Заев и Ципрас

0
334

Уште еден телефонски разговор помеѓу македонскиот и грчкиот премиер – Зоран Заев и Алексис Ципрас е предвидено да има денеска.

Премиерите на Македонија и на Грција во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името вчера разговараа 60 минути.

“За време на разговорот вчера се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. “, се вели во соопштението на Владата.

Заев вчера за Телма изјави дека е оптимист оти денеска ќе се постигне договор за спорот со името, но не откри повеќе детали поради како што рече принципиелниот однос кон другата страна.