ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СВЕТНИ ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН ВО БИТОЛА

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска информираше за поставувањето на рефлекторите на стадионот во Битола.

„Започна поставувањето на рефлекторите на фудбалскиот стадион Петар Милошевски. После овој зафат ќе следи асфалтирањето на улица “Крушевска република”, значајна артерија за нашите граѓани, но и за комплетирање на оваа фаза од осовремувањето на стадионот “Петар Милошевски”. Инвеститор на фазата за поставување на рефлекторите е ФФМ“ стои во објавата на Коњановски.