ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ КРШАТ ПОЛИТИЧКИ КОПЈА ЗА БУЏЕТОТ ИЛИ ЌЕ ПОМИНЕ КАКО И ДОСЕГА?

На 48-та седница на Советот на Општина Битола закажана за средa 25 декември ќе се најде предлог буџетот за 2025 година.  Ќе се кршат ли политичките копја или ќе биде како и досега?

Шест точки на дневнот ред. Првата е новиот буџет за 2025 година, како и одлуката за извршување на тој буџет. Буџетскиот календар е трета точка. Претходно на седница на Совет ќе бидат програмите за скоро сите области за наредната година.

Засега не може да се претпостави како ќе помине оваа седница, односно каков ќе биде ставот на според едни новото мнозинство, а според други, односно оние кои се препознаени како дел од тоа ново мнозинство дека такво мнозинство не постоело.

Досега праксата покажа дека иако кварталните извештаи за извршувањето на буџетите не се гласале, на крај со амандманска интервенција поминувале и ребаланските и буџетите.

Ќе биде ли некој догодина повторно пишман ако се изгласа буџетот, како што претходно велеа за изминатите буџети и ребаланси? Или дали годинава ќе кажат силно „не“ или меко, односно преќутно „да“.

Пред советниците ќе се најде и предлог одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година, потоа извештајот за работа на Советот на Општина Битола за 2024 година и програмата за работа на Советот на Општина Битола за 2025 година.