Ќе се откажат ли политичарите од летување заради кампањата?

Веќе сме втората половина на јули, а партиите ги очекува работен период заради престојните избори. Запрашавме дел од битолските советници дали веќе биле или ќе одат на одмор наредниот период. Дел од нив веќе биле, но повеќето велат дека одморот ќе го одложат токму заради партиските обврски и подготвувањето на изборната програма. Но, ги запрашавме и дали аплицираче за ваучер за летување оваа година.
Инаку според некое непишано правило, политичарите својот годишен одмор го користат во август. Останува да видиме дали заради големата битка за локалните избори ќе се препуштат на седум или десетдневен одмор или ќе искористат само некој викенд, дома или во странство. Во меѓувреме како нас така и нив можеби ги плаши делта сојот.

Сподели