Ќе се проверува вакциналниот статус и на вработените во градинките и здравствените работници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во Битола нема ниту еден случај на морбили. Исто така нема ниту во Могила, Новаци, Ресен и Демир Хисар. 40 случаи има во Кичево. Епидемија од морбили е прогласена во целата држава, што пак значи дека препораките на надлежните важат и за овој регион.

Екипите на Центарот за јавно здравје тргнаа во акција согласно препораките. Ќе треба да се проверат сите деца на возраст од 6 месеци до 14 години, и оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат. Во спротивно неможат да одат во градинка, а проблем ќе има и за одење во училиште.

За да се прекине ланеџот на ширење на морбилите треба да има висок опфат на вакцинација некаде 95 проценти. Иако во Битола тој е околу 90 проценти сепак важат мерките и препораките. Ќе се проверува и вакциналниот статус на персоналот во градинките и на здравствените работници.

Share.