ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ЗАВОДОТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ОТЕШЕВО

Ќе се реконструира Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни, неспецифични и алергиски заболувања во Отешево, соопштија од Центарот за разгој на Пелагонискиот плански регион.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ќе имплементира нов регионален проект со кој ќе се се создадат подобри услови за овозможување на здравствени услуги во Заводот.

Договорот за реализација на овој проект e потпишан во рамките на Грантовата шема за инвестициски проекти со дигитална компонента на “Проектот за одржлив инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов рече дека заедно со швајцарската Влада реализират седум регионални проекти вредни 2,3 милиони швајцарски франци.

„Целта е преку финансирање на конкретни проекти од кои корист ќе имаат повеќе општини во регионот, да се решаваат прашања од регионално значење како што е опремување на регионалната противпожарна служба во Североисточниот плански регион и Изградбата на стационар за кучиња во Вардарскиот плански регион и други проекти.

Планирана е и реконструкција на домот за стари лица во Берово во рамки на Источниот плански регион и реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид, како и фотоволтаични системи на јавни објекти во рамки на Југоисточниот плански регион.

Во рамки на проектите ќе се реконструира Центарот за белодробни заболувања во Отешево, а ќе се реконструира и старото училиште во Кучково за Центар за рехабилитација на деца излекувани од карцином, во Скопскиот плански регион“ беше соопштено на церемонијата на потпишување на договорите.