Ќе се снима филм во Битола, потребни се статисти од 18 до 70 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Продукцијата “Сестри и брат Митевски”, oбјавува повик за статисти за потребите на игран филм “Сирена во Париз”.
Сите заинтересирани, од 18 до 70 години, се поканети на аудицијата што ќе се оддржи на 14 август (среда) од 12 до 15 часот во просториите на Домот на култура – Битола (Мала сала).

Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Македонија. Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, а потоа во Скопје. Успехот на македонскиот филм последна година е фантастичен, покажуваме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, најави продуцентката Лабина Митевска од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, која е дел од копродукцијата на филмот.

Share.